Методија Мешковски

Наставник по ударни инструменти

Своето образование го започнува во нижото и средно Државно музичко училиште – Битола. Учи во класата на проф. Вангел Шурбевски.

Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во класата на м-р проф Мојца Седеу. Настапува како дел од оркестарот на Македонската Филхармонија, учествува на многубројни концерти во земјата и надвор од неа, опери, и е добитник на повеќе награди.
Своето работно искуство го започнува во 2014 година, како професор во Државното Музичко Училиште – Битола. Во досегашната работа остварува настава по ударни инструменти, камерна музика и прима виста.

Има присуствувано на многу семинари и обуки, организирани од Министерството за образование и наука на РСМ.

Како ментор, со своите ученици има учестувано на бројни државни и меѓународни натпревари, меѓу кои се издвојува International Competition “Art In”- Скопје 2018.


За неговите успеси доказ се бројни награди и признанија.

Наставата ја изведува на македонски јазик.