М-р Никола Баљари
Наставник по контрабас, камерна музика, прима виста
М-р Никола Баљари заврши ДМУ – Битола, во класата на проф. Велко Тодевски. Дипломира и магистрира во класите на проф. Георги Велков и доц. Цветомир Лазаров на НМА „Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија.
Посетува повеќе мастеркласи кај врвни контрабасисти-педагози и виртуози како Милослав Гајдош, Иван Станков и др. Настапува како контарабасист во солистички проекти како и во повеќе оркестри: Битолски камерен оркестар, Нов синфоничен оркестар и др.
Остварува многубројни настапи заедно со свои колеги во различни музички формации, во повеќе музички жанрови како класика, поп-рок, народна, џез, хорско пеење.
Педагошката дејност ја започнува во 2009 год. Во ДМУ – Битола. Постојано се усовршува и надоградува со посета на семинари и обуки. Остварува проекти и концерти со своите ученици, добитници на повеќе државни награди, летни кампови како „ Итерлохен“ во САД.
Наставата ја реализира на македонски јазик, течно зборува бугарски и англиски јазик.