Никола Трајановски
Наставник по виола, камерна музика и оркестар
Проф. Никола Трајановски заврши средно музичко училиште во ДМУ – Битола во класата на Проф. Зоран Маневски и Проф Љупчо Соколов. Дипломира виола во класата на проф. Љубомир Господинов на ФМУ – Скопје.
Настапува како виолист – солист, во повеќе камерни состави и оркестри и е добитник на повеќе награди.
Педагошката дејност ја започнува во 1999 год. во ДМУ- Битола. Предава виола, камерна музика и оркестар и има забележителни резултати на натпревари и концерти, со своите ученици.
Остварува многубројни концерти и проекти со своите ученици, редовен член е на Камерниот оркестар на Битола,квартетот Арко, ансамблот Алеа со кои настапува во земјата и во странство и повремен член на Македонската и Балканската филхармонија.
Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.