Олгица Пајпузова заврши Државно музичко училиште – Битола. Во 2007 год дипломира на ФМУ во Скопје оддел за музичка теорија и педагогија.
Педагошката дејност ја започнува во 2009 год во ОМУ – Охрид каде нејзините ученици се добитници на бројни државни награди. Во 2011 год работи во ОУ-Битола. Во 2013 год работи во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по пијано и повеќе музичко теоретски предмети. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки. Остварува многубројни концерти и проекти со своите ученици.
Наставата ја пренесува на македонски јазик, течно зборува англиски јазик.