Оливера Гемту
Наставник по виолина
Оливера Гемту заврши Државно Музичко училиште – Битола во класите на проф.Христина Трајановска и проф.Зоран Маневски. Дипломира во класата на проф.Михајло Куфојанакис на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Како солист има настапувано на многубројни натпревари и освојувано награди ,а како најзначјана и е Специјалната награда во Скопје и настапот како солист со Македонската филхармонија ,Младинскиот симфониски оркестар на Едмонтон – Канада.
Освен како солист настапува и во камерни и оркестарски состави во земјата и надвор од неа: Србија, Украина, Грција, Канада.
Својата педагошка дејност ја започнува во 2005 год. како професор по виолина во музичките училиште во Охрид и Прилеп, а моментално е вработена како редовен проф.по виолина во ДМУ – Битола.
Во досегашната работа како професор остварува многубројни концерти и семинари. Нејзините ученици се добитници на бројни државни, меѓународни и интернационални награди, како и настапи на реномирани фестивали како Охридско лето,Скопски лето и многу други.