Сашо Кузевски

Наставник по виолина

Сашо Кузевски е роден во 1977 година во Битола. Основното и средното музичко образование го завршил во Државното Музичко Училиште во Битола. Дипломирал на “Факултет за музичка уметност”- Скопје 2000 год. Во истата година е избран како професор по виолина во “Државното музичко училиште” во Битола.

Во 2002 година се стекна со звање магистер на науки на истоимениот факултет во Скопје. Во своето работење M-р Сашо Кузевски е автор на повеќе научни трудови од областа на методиката на виолинизмот. Трудовите се објавени од страна на Просветно дело Скопје. Автор е на книга учебно помагало со наслов “Значењето на етидите во создавањето на идниот виолинист”.

Редовен член и автор е на Меѓународната конференција на српскиот конзулат на Битола. Член е на Симфонискиот оркестар на “ФМУ”- Скопје.

Со свoи научни трудови учествувал на 13 меѓународни и домашни проекти. Во моментот е изработка на докторат од областа на Методика на виолинизмот.