Валентин Наумов

Наставник по виолина

Проф.Валентин Наумов е роден во 1976 год. во Битола, каде го завршил основното и средно музичко училиште, отсек-виолина во класата на проф. Зоран Маневски. Настапува како солист со камерниот гудачки оркестар. На Републички натпревари во 1990 и 1992 год. освојува втора награда.

Дипломирал на факултетот за музичка уметност во Букурешт – Романија, отсек – виолина, во класата на проф. Корнелиа Бронзетти, под чие што менторство ги завршил и постдипломските студии во 2002 год. Како студен одржал и повеќе концерти во Букурешт и Кампина. Добитник е на повеќе награди: II награда на Меѓународен натпревар “Михаил Јора”; Специјална награда на Меѓународен натпревар “Аперто” во Букурешт-Романија и др.

Еден е од основачите на гудачкиот квартет “Арко”, член на ансамблот за современа музика “Алеа”, концерт мајстор е на Битолска опера и на Битолски камерен оркестар. Одржал повеќе музички рецитали во Битола, Гевгелија, Охрид и Скопје.

Моментално е вработен во Државно музичко училиште како професор по виолина.