
Вангел Мажевски
Наставник по солфеж, познавање на инструменти, историја на музика и композиција
Роден на 20.01.1986, во Битола, Р. Македонија
Образование: Средното музичко образование го започнува во Државно музичко училиште – Битола во 2000 година, отсек теорија. По завршувањето на средното училиште, заминува во Салцбург каде што ги полага приемните испити по композиција во Моцартовиот Конзерваториум од каде поради оправдани причини се враќа во Македонија. После две годишна пауза го продолжува високото образование, додипломски студии на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ – на факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек музичка теорија и педагогија. Поседува исклучителен талент, а особено се истакнува по стручните теоретски предмети, композициони и импровизаторски способности, пијано и.т.н. Уште од средношколските денови до денес професионално се занимава со компонирање и оркестрирање/аранжирање.
Дипломира во 2011 година, во која се запиша на магистерски студии по предметот “Хармонија со хармонска анализа” под менторство на Живоин Глишиќ. Од Август 2012 година – е основоположник на составот Џез Сценарио како уметнички раководител, композитор, аранжер и пијанист.
Во 2012 година започна со извршување на професорска дејност по теоретско стручни предмети во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“, а по краток период од 2013 година во Државното музичко училиште во Битола како професор по хармонија, композиција, контапункт солфеж и пијано. Во 2015 година запишува додипломски студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во областа Оркестарско диригирање кај професорот Саша Николовски – Ѓумар. Во 2017 година, преку Еразмус плус програмата за размена, слуша дигиригање во Музичката Академија во Љубљана, Словенија, кај професорите Марко Летоња, Марко Хиберник и Симон Дворшак.
Професионално се занимава со аудио продукција, микс и мастеринг.
Повеќе години соработува со Битолски Камерен оркестар како аранжер и изведувач.
Учесник е во повеќе државни и меѓународни натпревари како жири комисија меѓу кои Пијано Фест – Битола како жири комисија за камерна музика.
На почетокот на 2024 година соработува со Пијано Трио Трифоника кои во рамки на 77 години од основањето на Државно музичко училиште – Битола премиерно ја изведоа неговата композиција “Варијации на тема Македонско девојче” за пијано за 6 раце која е специјално компонирана и посветена на Трио Трифоника.
Награди:
2003 – Солфеж – прва награда
2009 – Солфеж – специјална награда