Василчо Пецаковски

Наставник по музичко-теоретски предмети

м-р Василчо Пецаковски – професор по музичко-теоретски предмети.

Проф. м-р Пецаковски во 1979 година заврши ДМУ-Битола. Во 1983 година дипломира на ФМУ при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, Скопје на отсекот Музичка теорија со педагогоија, на кого и магистрира и се стекнува со право на научен степен: Магистер на хармонија со хармонска анализа.

Педагошката дејност ја започнува после дипломирањето, а во Државното музичко училиште – Битола од 1986 раководи со гудачкиот оркестар и хорот на  училиштето како и професор по предметите: Теорија на музиката, Музички форми и Хармонија. Автор е на учебници (во ракопис) по Хармонија, Музички форми и Вокален контрапункт. Во 2014 година е и директор на училиштето.

Во 2012 година е основач и прв претседател на Здружение на музички теоретичари на Македонија. Здружението организира конференции, семинари како и меѓународниот натпревар по музичко-теоретски дисциплини „Михајло Николовски“ во Битола.

Неговите ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.