Верица Дивитарова
Наставник по пијано
Верица Дивитарова е родена 1987 година во Битола каде завршува основното музичко училиште во класа на проф. Соња Илиевска и средно музичко во класа на Проф. Билјана Димовска. 2010год. дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Тодор Светиев, 2014 год. магистрира во класа на проф. д-р Марија Ѓошевска. 2016 год. завршува студии на Guildhall School of Music&Drama во Лондон на програмата Guildhall Artist Masters во класа на професорите Нели Бен-Ор и Филип Џенкинс – како стипендист на The Leverhulme Trust и целосна стипендија од МОН на Република Македонија.
Досега има одржано неколку самостојни и камерни рецитали во склоп на ФМУ Скопје, на фестивалите: Бит Фест, Скопско Лето, Интерфест, Ohrid Jazz Breeze, ДММ, Фестивал на музика од светот, Есенски музички свечености, како и надвор од Македонија. Активно соработува со домашни и странски уметници и Камерниот оркестар на Битола. Од 2018 е официјален корепетитор на академијата “Кларус“, а од 2020 е еден од официјалните корепетитори на меѓународниот натпревар “Охридски бисери“.