Вилма Костовска

Наставник по македонски јазик и литература

Родена 30.12.1963 во Гевгелија. Основно и средно гимназиско образование завршила во родното место. Високо образование завршила во Скопје на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”- отсек, јужнословенска книжевност и македонски јазик.

Од 1989 година работи како наставник по македонски јазик во ОУ”Даме Груев” – Тетово, од 1991 г . како професор по македонски јазик во Економското училиште “Јане Сандански” – Битола, а од 1993 г. професор и библиотекар во Државното музичко училиште – Битола.

Во својот работен век има учествувано на разни меѓународни семинари и обуки, почнувајќи од 1998г до 2006 г.(СОРОС, УСАИД, СЕА – проект, Меѓународен Црвен крст), истовремено е и обучувач во СЕА – проектот за Современи методи во наставата. Од 2007 – 2014 е надворешен соработник на ДИЦ – оценувач во Државна матура по македонски јазик. Во својата педагошка работа се остварила и како класен раководител на многу генерации, денес нејзини колеги.

Моментално е шеф на класата општообразовни предмети во Државното музичко училиште – Битола.