Владимир Андревски

Наставник по хармоника

Проф.Владимир Андревски заврши средно образование во Државно музичко училиште-Битола, класа хармоника.

Дипломира на Академијата за музички и танцови уметности во Пловдив, Р.Бугарија, класа хармоника при Проф.Петар Маринов.

Како студент е учесник на голем број концерти, државни и меѓународни натпревари на кои има освоено голем број на награди.

Педагошката дејност ја започнува во ООМУ,,Ордан Михајлоски-Оцка,, во Прилеп, а од 2011 во ДМУ-Битола.

Во досегашната работа остварува настава по хармоника, прима виста и камерна музика. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки, од кои се издвојуваат семинарите кај светски познатиот хармоникаш Јуриј Шишкин. Остварува многубројни концерти и проекти со своите ученици.

Неговите ученици се добитници на голем број на награди на државни и меѓународни натпревари.