Зоран Маневски

Наставник по виолина

Зоран Маневски е роден 1962 година во Титов Велес каде го започнува музичкото образование. Како стипендист на Македонската филхармонија е вработен во 1986 во истата, а од 1988 работи како професор по виолина во Музичкото училиште во Битола. Со свои ученици учествува на повеќе натпревари во Македонија и во странство, каде постигнува значајни успеси.

Во повеќе наврати бил член на жири комисии по камерна музика, оркестри и соло виолина на повеќе државни и меѓународни натпревари. Во 2002 година издава три збирки со избор на композиции за виолина и клавир.

Здружението на просветни работници од основното и средното образование-Битола во 2006 година го прогласува за најдобар наставник во средното образование на ниво на град Битола, доделувајќи му ја наградата „св.Кирил и Методиј”, за значајни просветно-педагошки постигања.

Наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија во учебната 2006/2007 година, му е доделена од Здружението на музички и балетски педагози на Р. Македонија.