Зоран Ристевски заврши Државно музичко училиште – Битола во 2001 година.
Дипломира на Академија за танцово и музичко искуство “Асен Диамандиев” во Пловдив, Р.Бугарија на отсекот Ударни инструменти.
Педагошката дејност ја започнува во 2008 година во ДМУ – Битола како професор по Ударни инструменти. Неговите ученици се добитници на многу државни и меѓународни награди. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.
Наставата ја пренесува на македонски јазик, течно зборува и англиски јазик.