Нина Тасевска
Стручен соработник - психолог
Родена на 31.08.1983 година во Битола. Средното училиште го завршила во гимназијата “Јосип Броз- Тито”-Битола. Завршува Филозофски факултет при УКИМ – Скопје, на катедрата за психологија. Тука започнува и првото работно искуство како демонстратор по предметите Социјална психологија и Просоцијално однесување кај проф.д-р Михајло Поповски. Од 2007 год. волонтира повеќе години во Клиничката болница во Битола и во старскиот дом “Сју Рајдер”-Битола, каде стекнува искуство како работен терапевт. Има посетено преку 400 часа обука за Интегративна психотерапија.
Во Државното музичко училиште се работи како училиошен педагог од 2014 год., насочена кон проблематиката на живеење и функционирање на средношколците во периодот на адолесценција. Учествувала на обуки, семинари, конференции, проекти, објавени се неколку нејзини видувања и статии во Зборници објавени од Педагошкиот факултет и битолската Библиотека “Св.Климент Охридски”. Најголем ентузијазам пројавува во индивидуалната работа со учениците, како и училишните проекти кои добија и поголем јавен простор: “Црна овца”, “Врски со постари лица”, “Кога ТОЈ е ТАА а ТАА е ТОЈ”, “Напредокот на технологијата во 21 век”.