Татјана Крстевска Ковачевска

Наставник по стручно теоретски предмети

Вонреден професор м-р Татјана Крстевска Ковачевска е родена 04.05.1968 година во Битола. ДМУ  завршува во Битола а  ФМУ во Скопје и се стекнува звање Дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент. Магистрира во класата на проф. Драган Шуплевски и се стекна со звање Магистер по хорско диригирање. Од 1992 до 2003( а хонорарно до 2007 г.) работи како професор во ДМУ- Битола по предметите: Хор, Хорско диригирање, Историја  на музика, Солфеж и Пијано. Од 2003 година е избрана во наставно-научното звање Доцент на Педагошки факултет Битола, во 2008 – 2014 е избрана во наставно-научното звање  Вонреден професор   на Педагошки факултет Битола. Октомври 2014 до денес  Професор во ДМУ- Битола по предметите   Солфеж, Теорија на музика и Хор( Камерна музика).

Главни активности и обврски на Педагошки факултет Битола: предавања и испити на Додипломски и Постдипломски студии, Формирање Академски  хор на Педагошки факултет при УKЛО, изготвување предметни програми, Преквалификација на студенти, изготвување Елаборати за Постдипломски студии, Ментор на Додипломски студии – 50 студенти, Комисија за Додипломски – 80 студенти, Ментор на Магистерски студии – 2.   Подобност на наслов за Магистерски студии – 4 студенти

Покрај формалното школување има посетувано 13 Семинари за стручно усовршување.

Во досегашниов период  има објавено 3 стручни трудовии  Хорската уметност на ренесансата,  Основи на вокалната техника, Историја на музика– скрипта и  10 научни трудови  на Меѓународни Конференции и Симпозиуми .

60 Универзитетски свечености, Свечени академии, Патрони празници, Свечени отварања на меѓународни конференции, Промоции, Почетоци на Академски години,  Свечени отварања на Факултети .

28 Награди, сертификати, членства, жири комисии.

38 Годишни Концерти и други настапи од 1992-2007г.  како Диригент на  Детски, Женски и Мешаниот хор при ДМУ – Битола.

100 Композиции во Концертна изведба  од областа на Хорската музика, Битолски Камерен Оркестар ( ренесансна  a capella, духовна, барокна, класична, романтична, македонска, спиритуали).