Новости

МУЗИЧКИ МАРАТОН

Музички маратон на Државно музичко училиште – Битола
Офицерски дом во Битола – отворен ден за посетители
Празник „ 4-ти Ноември“

Нека ни е честит „ 4-ти Ноември“, денот на ослободувањето на Битола!
По повод празникот на градот, се одржа свечена академија во Офицерскиот дом во Битола со што официјално е ставен во употреба, после реконструкцијата.
Офицерскиот дом во Битола е изграден во 1911 година од управникот на битолскиот вилает Абдул Керим-паша а сосема довршен 1919 година.
Редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, која покрај генерални стилски карактеристики, носи и печат на оригиналност и неповторливост.
Објектот служел на елитата на повеќе војски, како палата за свечени приеми, забава и одмор а одржувани се и безбројни балови.
Офицерскиот дом е обележје на град Битола и културно-историски споменик на битолската и македонска култура, тој е наследство кое денес се враќа во функција на културата во Битола.
На наше големо задоволство, Државно музичко училиште –
Битола, беше дел од празникот на градот. Учество зедоа повеќе ученици од основно и средно образование, застапени беа инструменталистите од сите класи на Државно музичко училиште. Секој гостин беше добредојде. Офицерскиот дом го посетија љубопитни граѓани и љубители на класичната музика. Можеше да се види вистинскиот сјај и гламурозност на Офицерскиот дом. Истиот, изгледаше уште пораскошен, исполнет со звуците на класичната музика која соодветствуваше на целиот амбиент а така посетителите можеа да слушнат ретка акустичност која се создаваше низ слободниот простор.
Радоста и среќата на нашите ученици и наставниот кадар беше нескриена. Овој настан беше голем предизвик и потреба во ова тешко време за уметноста, за што сме благодарни на Општина Битола и раководството на Културно информативниот центар од Битола за можноста која ни ја пружија.
Маратонот траеше од 10:00 до 15:00 и 17:00 до 20:00 часот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *