Новости

UPSHIFT – Bootcamp

Во периодот од 19.12.2022 год до 21.12.2022 год. учениците од Еко-тимот на
Државното музичко училиште од Битола, учествуваа на кампот со натпреварувачки
карактер UPSHIFT – Bootcamp, во организација на младинската организација LEAD, во
Струга , на тема: “Охрабрување на децата и младите во С.Македонија на станат
двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските
промени”. Проектот е финансиран и поткрепен од UNICEF, Фондот за иновации и
технолошки развој на Р.С.Македонија и Шведска.
Во тридневниот камп, учениците Аница Нелоска, Ива Митревска, Антонио
Богдановски, Климент Ристевски и Теодора Кулевска, придружени од социологот Игор
Васевски, со помош и менторство од Нина Тасевска, ја разработија идејата за заштеда
на енергија во нашето училиште и намалување на штетноста од загаденоста
предизвикана од огревот на дрва – преку иновативен изум – Искористување на
кинетичката енергија при возење велосипеди и нејзино трансформирање во електрична
енергија. Меѓу сите училишта учесници, Државното музичко училиште, заедно со уште
четири училишта, ја освои главната награда – 120.000 денари за вградување на ваков
систем во Новиот објект на училиштето кој би овозможил намалување на
потрошувачката на електрична енергија и создавање струја со искористување на
човечкиот потенцијал.
БРАВО за нашите ученици кои нé направија многу горди, посебно заради тоа што
покрај музичкиот талент го открија и покажаа и другиот потенцијал кој го поседуваат –
креативност, иновативност и афинитет кон други научни сфери, свест за заштита на
животната средина и голема љубов кон нашето училиште.
Да се множат успесите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *