На 17.02.1947 г. со одлука на тогашната Народна влада на Р.Македонија започнува со
работа Нижото музичко училиште. Првите педагози започнале во скромни и тешки
услови, само со еден клавир, две труби и неколку виолини, но со голем ентузијазам и
љубов своето знаење да го пренесат на учениците кои подоцна станале дел од музичкиот
и културен живот на градот.
Во овие седумдесет и пет години постоење, институцијата бележи постојан подем по
однос на видот и бројот на образовни профили и растот на бројот на учениците.
Училиштето прерасна во образовна институција во која своето музичко образование го
стекнуваат ученици во основното образование и ученици во средното образование.
Нашата мисија е да ги негуваме и образоваме духовните и естетски вредности и да го
подигнеме степенот на музичка култура кај младите, а со тоа и продолжување на
долгогодишната успешна традиција.
Честит 75-ти јубилеј!