ДУВАЧКА КЛАСА

наставник
по соло пеење

Митровска заврши Државно музичко училиште – Битола, во класата на проф. Пеце Митревски. Дипломира и магистрира во класата на д-р Иванка Нинова на НМА ”Панчо Владигеров” во Софија, Р.Бугарија. Настапува како оперска певица и е добитник на повеќе награди.

наставник
по хармоника

Заврши  средно образование во Државно  музичко училиште-Битола, класа хармоника. Дипломира на Академијата за музички и танцови уметности во Пловдив, Р.Бугарија, класа хармоника при Проф.Петар Маринов.

наставник
по саксофон

Своето музичко образование го гради во Државното музичко училиштево – Битола а потоа  на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Проф.Стојан Димов каде што и магистрира во 2011 година.

наставник по
ударни инструменти

Заврши Државно музичко училиште-Битола во 2001 година. Дипломира на Академија за танцово и музичко искуство “Асен Диамандиев” во Пловдив, Р. Бугарија на отсекот Ударни инструменти.

наставник по удирачки инструменти

Музичко образование го започнува во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп на отсекот хармоника, потоа се запишува во Државно музичко училиште – Битола, во класата по удирачки инструменти.

наставник по
флејта

Во Битола завршува основното и средното образование. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Посетува семинари со доста значајни флејтисти  Дебост, Графенауер,  Симоновиќ, Јовановиќ, Ошавкова, Гавриќ.

Никола Зацевски

наставник
по соло пеење

…

наставник по ударни инструменти

Своето образование го започнува во нижото и средно Државно музичко училиште – Битола. Учи во класата на проф. Вангел Шурбевски. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје

наставник по
кларинет

Во Битола каде што заврши основно и средно музичко образование во класата кларинет на проф. Панде Татарчевски. Високото образование на Факултетот за Музичка Уметност во  Скопје, Бостонскиот Конзерваториум во Бостон, САД а потоа и на магистерски студии во Моцартеум во Салзбур – Австрија.

наставник
по кларинет

Музичко образование го започнува во Државното музичко училиште Битола, а потоа и на Факултетот за музичка уметност Скопје. Во својата кариера бележи неколку настапи со Македонска Филхармонија, учесник на државни натпревари како и на меѓународни натпревари надвор од нашата држава.

наставник
по труба

Заврши основно (нижо) и средно училиште во Државно музичко училиште – Битола, а дипломира на Факултетот за музичка уметност, Универзитет “Гоце Делчев” – Штип во класата на проф. Јован Самоников. Учествувал на републички и државни натпревари и добитник е на повеќе награди и признанија