ОПШТООБРАЗОВНИ ПРЕДМЕТИ

наставник
по македонски јазик и литература

Основно и средно гимназиско образование завршила во родното место. Високо образование завршила во Скопје на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”- отсек, јужнословенска книжевност и македонски јазик. Во својот работен век има учествувано на разни меѓународни семинари и обуки

наставник по историја на уметност

Дипломира историја на уметност со археологија и магистрира студии на културата. Во 1992 година ја основа уметничката група Елементи (од 2002 и Центар за современи јавни уметностиЕлементи) со која  реализира голем број меѓународни изложби на концептуална уметност. 

наставник по
естетика

Дипломира на филозофскиот факултет, отсек. Филозофија при УКИМ – Скопје. Педагошка дејност ја започнува во 2001 год. Во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по етика, естетика, филозофија, граѓанско образование.

наставник по германски јазик и книжевност

Заврши  средно  училиште во гимназијата Јосип Броз Тито  – Битола. Дипломира на филолошкиот универзитет “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на катедрата за германски јазик и книжевност.  Педагошката дејност ја започнува во 2008 година.

наставник по информатика

Заврши средно училиште СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола. Дипломира на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола на смерот компјутерски науки и инженерство. Педагошката докфалификација ја здоби на Педагошкиот факултет во Битола.

наставник по англиски јазик и книжевност

Заврши средно училиште во гимназијата Јосип Броз Тито –
Битола. Дипломирала на филолошки факултет на катедрата за англиски јазик и
книжевност, а подоцна и магистрирала Педагогија во областа на методиките.

наставник по економски предмети

средното образование го заврши во Гимназијата  ,, Јосип Броз –Титo ” – Битола, 1999 година.

Се стекна со високо образование на Економскиот факултет во Прилеп, отсек меѓународна економија при Универзитетот:  ,,Св. Климент Охридски “ – Битола, 2005 год.

наставник по италијански јазик

Завршува дипломски студии по италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, а потоа магистрира на Менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

наставник по
историја

Учел и живеел во Германија но образованието комплетно го заокружува во Р. Македонија. Завршува Филозофски факултет – Група Историја, при иниверзитетот „Св. Кирил и Медодиј“; магистрира и докторира на ИНИ-Скопје, во 2011 и 2013 година.

наставник по спорт и спортски активности

Во образование од 2008 година, најуспешен професор во изборот на Сојузот на спорт на Битола за 2014. Освојувач на шест титули во Футсал на општински натпревари, државен вицешампион во 2015-та година. Фудбалски тренер, носител на UEFA А лиценца, седум години тренер во репрезентација на Македонија.

наставник по француски јазик и книжевност

Заврши гимназија „Мирче Ацев” –  во Прилеп. Дипломира на Филолошкиот Факултет – француски јазик и книжевност  во Скопје.

Има посетено многубројни семинари  и  обуки  како и учество во  проекти организирани од Францускиот институт, БРО, летни универзитети организирани од Француската амбасада.