СТРУЧНО - ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ
Наставник по стручно теоретски предмети
Во 1991- Дипломира на Факултетот за музичка уметност-Скопје, отсек дипломиран музичар теоретичар- педагог; Во 1992 год. се вработи во основното музичко училиште како професор по солфеж и клавир; Од 2009 год. е вработена во средното музичко училиште како професор по солфеж. Во 2012 год. завршува постдипломски студии и се стекнува со стручен назив магистер по методика на наставата по музичко образование Со ученици по солфеж на Државни натпревари има освоено многу награди и тоа на: Државен натпревар на музички и балетски педагози на Република Македонија; Државен натпревар за млади музичари на Здружение на директори на музичките и балетски училишта ,,Хармоника-МБ”; Државен натпревар на Здружение на музички и балетски педагози на ученици и студенти; Меѓународен натпревар по солфеж во Белград; Меѓународен натпревар по солфеж во Марибор; Меѓународен натпревар по солфеж ,,Михајло Николовски”- Битола Здружение ,,Kornelije”Белград. Учествувала на повеќе семинари во својство на учесник и тоа од областа на образованието. Од 2001 год. е активен член во жири- комисија по предметот Солфеж во основното и средното училиште на Државните натпревари.
Наставник по стручно теоретски предмети
Заврши Државно музичко училиште – Битола во 2000 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје на отсекот Музичка теорија и педагогија во 2004год. Педагошката дејност ја започнува во 2006 година.
Наставник по стручно теоретски предмети
Средното музичко образование го започнува во Државно музичко училиште – Битола во 2000 година, отсек теорија. По завршувањето на средното училиште, заминува во Салцбург каде што ги полага приемните испити по композиција во Моцартовиот Конзерваториум од каде поради оправдани причини се враќа во Македонија.
Наставник по стручно теоретски предмети
Заврши Државно музичко училиште – Битола во теоретскиот оддел. Дипломира во класата на проф.диригент Саша Ѓумар на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот хорско диригирање. Педагошката дејност ја започнува во 2007 година.
Наставник по стручно теоретски предмети
Средно музичко образование завршува 2005год. во Државно музичко училиште- Битола, отсек музичар – теоретичар. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, отсек дипломиран музичар теоретичар – педагог. Педагошката дејност ја започнува 2009 година.
Наставник по стручно теоретски предмети
Вонреден професор м-р Татјана Крстевска Ковачевска е родена 04.05.1968 година во Битола. ДМУ завршува во Битола а ФМУ во Скопје и се стекнува звање Дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент. Магистрира во класата на проф. Драган Шуплевски и се стекна со звање Магистер по хорско диригирање.
Наставник по стручно теоретски предмети
заврши Државно музичко училиште – Битола во 2007 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје на отсекот Музичка теорија и педагогија. Како солист ги одигра главните тенорски улоги во мјузиклот: “The Opera House”,заврши Државно музичко училиште – Битола во 2007 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје на отсекот Музичка теорија и педагогија. Како солист ги одигра главните тенорски улоги во мјузиклот: “The Opera House”,
Наставник по стручно теоретски предмети
Основно образование, како и основно музичко училиште завршил во Битола. Средно музичко училиште завршил во Државно музичко училиште – Битола на инструменталниот отсек, инструмент – виолончело. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот за Етномузикологија.
Наставник по стручно теоретски предмети
заврши во Државно музичко училиште – Битола на музичко-теоретскиот оддел. Дипломира 2005г. на Факултетот за музичка уметност во Скопје – отсек музичка теорија и педагогија. Педагошката дејност ја започнува во 2013 г. во ДМУ – Битола, најпрво како професор по пијано, а исто така предава и музичко-теоретски предмети како Солфеж.