Имаме мисија Да му помогнеме на секое дете, кое го посетува нашето училиште,
да го развие својот талент, да го подобри нивото на музичкото знаење
со помош на квалитетен и искусен наставен кадар
повеќе
Стекнете музичко знаење кое ќе ве надополнува како личност во животот! Нашето училиште може да се пофали со бројни музички уметници од естрадната сцена, музички виртуози и амбасадори на Македонија. повеќе Во досегашното 74 годишно работење, од нашето училиште произлегле врвни музичари, педагози, диригенти, композитори и многу други музички културни дејци повеќе

КЛАСИЧНА МУЗИКА

Сакате да свирите на инструмент?

Станете дел од нашето музичко семејство - запишете се!

74 години музичка традиција.

НОВОСТИ

ПИЈАНО МАРАТОН

час: 10:00-21:00
ден: 29.03.2023
место: Офицерски дом – Битола

Одберете искуство и препознатливост!

Ги повикуваме сите талентирани дечиња да станат дел од нашето големо музичко семејство, да стекнат знаење кое ќе ги надополнува како личности целиот живот.

76 години Државно Музичко Училиште
На 22ри февруари, во прекрасниот амбиент на КИЦ Офицерски дом – Битола, се одржа
концерт по повод 76 годишнината од постоењето на нашето училиште.
Ученици по виолина на мини снимање
На ден 14.05. (петок) во дворот на Музичкото училиште –Битола се одржа интерен час на учениците по виолина од класата на Проф.Оливера Гемту.
Матуранти генерација 2021
Ви благодарам што бевте прекрасни деца, успешна генерација која во вистинска смисла на зборот ученик ве красеа учтивост, култура и почит кон постарите.  

ИНСТРУМЕНТАЛЕН ДЕЛ

КЛАСА ПИЈАНО

ГУДАЧКА КЛАСА

ДУВАЧКА КЛАСА

ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ

СТРУЧНO - ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ

FUN FACT - ПРИЧИНА ПЛУС ДА СЛУШАТЕ КЛАСИЧНА МУЗИКА

  1. „Пријатната музика ја поттикнува силата на имагинацијата, ја зајакнува вoлјата, го отстранува стресот, го подобрува расположнието, стимулира позитивни емоции и ја подобрува концентрацијата.“

2. „Касичната музика ослободува од состојба на меланхолија, го ублажува страдањето и релаксира. Делува на најдлабоките чувства така што со суптилни и позитивни вибрации воспоставува психичка рамнотежа, создава чувство на задоволство и радост на живеење.“

3. „Класичната музика претставува важен фактор за општиот развој на детската личност.“

КЛАСИЧНА МУЗИКА

Сакате да свирите на инструмент?

Станете дел од нашето музичко семејство - запишете се!

74 години музичка традиција.

Цветан Стојановски

Првенец при Македонска опера и балет – Скопје, тенор. (1965 г.) Музичко училиште во Битола веќе со сигурност можам да тврдам дека е дел од мојот генетски код. Зградата, амбиентот, ентузиазмот и ентузијастите, од раѓање ги поимав како природна средина во која, дури и несвесно, егзистирав од моите први сознанија. Татко ми, Димче Стојановски, како припадник на првата генерација ученици во нижото музичко училиште, заедно со Алеко Сидовски, Пепи Сидовски, Миле Николовски, Димче Сарџовски, Тале Огненовски и ред други, кои исто ентузијастички се качувале по оскудната понуда на нивното време, претставуваа мое секојдневие во веќе изградениот амбиент. Една од најголемите детски амбиции беше: да пишувам убави ноти како татко ми. Не знам дали го остварив тоа, но таквото секојдневие ме донесе до Пеце Митревски – Митрата. Тука за прв пат влетав во ентузијазам кој не можев да го контролирам. Часови по пеење во концертната сала на училиштето, Мери Кавкалева – Стоилкова и безброј часови поминати во музички мечти, романтични бои и сериозен потстрек. Ден денес сакам да боравам во таа сала. На крајот, солистички концерт во Офицерски. При карајот на програмата: Mama son tanto felice. Следвуваа студии, први солистички ангажмани, високи статуси, но судбината секогаш ме враќаше назад, и повторно ме поврзуваше со музичкото училиште, каде подоцна се школуваа и моите деца.

Цветан Стојановски

Оперски пејач

Сашо Татарчевски

Битолското средно музичко училиште во времето кога јас таму ги врвев моите средношколски денови беше синоним за квалитет и успех. Имав среќа да учам од професори кои чесно и искрено го пренесуваа своето знаење, но уште повеќе својот однос кон музичката професија. Колегијалноста и соработката која беше присутна помеѓу тогашните професори, заедно со она што како однос кон учениците и работата го гледав и дома од моите родители, ми изврши огромно влијание во мојот понатамошен професионален и човечки развој. На училиштето му посакувам и сега и во иднина да може да се пофали со таква работна атмосфера и меѓучовечки односи, кои заедно со знаењето се основа за успех во работата. Со задоволство секогаш ќе бидам на располагање за било каква соработка со моето музичко училиште.

Сашо Татарчевски

Диригент и професор на ФМУ - Скопје

Николче Мицевски

Моето школување во музичкото училиште во Битола и годините поминати таму се едни од најзначајните и најдрагите години од мојот живот. Основата, насоката и образованието кое го стекнав за мене значат длабоко испишан патоказ по кој се движам во досегашната моја музичка кариера.
Среќен сум и почестен што моето школување го имав токму таму, токму со тие професори, токму со тие мои школски другари и колеги кои секогаш ќе бидат значаен дел од мојот живот.

Николче Мицевски

Исмаил Лумановски

ДМУ Битола е местото каде што се изградиле најздравите музички темели за голем број на млади таленти.

Институција која има оставено Историја зад себе.

Гордост на секој музички уметник кој асоцира со овој дом.

Исмаил Лумановски

Kире Костов

Имав среќа да учам во Државното Музичко Училиште во Битола кое важеше за едно од најдобрите училишта, не само во Р.С. Македонија туку и во бившите југословенски простори. Инзворедните професори како Михаило Николовски (директор), Петар Сидовски, Милица Шперович, Јасмина Чакар и др. ни ја насадија љубовта за музиката и не водеа во вистинскиот професионален пат. Освен професионалните задачи кои требаше да ги завршиме моравме и да слушаме и многу музика, да ја анализираме со професорите, да го дискутираме музичкиот хармонски склоп, а и начинот на изведба на изведувачите.
Мојот клас броеше 17 ученика а од нив 14 инструменталисти и сите оставиле трага во својата работа.
Благодарен сум до сите мои професори и ученици со кои делевме сé, како во професијата така и во животот. Мојата посебна благодарност кон еден мој професор успеав да ја овековечам создавајки го детскиот фестивал СИ-ДО кој го носеше неговото име – Петар Сидовски (СИ-ДО). Тој фестивал е доказ преку кој докажав каква школа сме имале, и како треба да звучи детската песна. Горд сум што сум производ на Државното Музичко Училиште Битола .

Kире Костов

Македонски композитор, инструменталист и диригент

Тања Царовска

Незаборавните години поминати во Битолското средно музичко училиште секогаш ќе имаат посебно место во моето срце и мисли. Уште од нижото музичко каде што посетував настава по пијано и солфеж, одлично беше поставена основата на моето музичко образование. Им благодарам на професорите за сета своја посветеност.

Тања Царовска

македонска пејачка
Sidebar